СТРУГА 2020: МВП признанието за Мандалиниќ, најдобар голман Чаневски!

фото: facebook.com/ihtstruga

После завршувањето на традиционалниот турнир во Струга, беа прогласени најдобрите играчи, а тие доаѓаат од Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

За најдобар голман е прогласен Градимир Чаневски кој имаше одлични перформанси за битолскиот клуб на патот кон трофејот.

Тимур Дибиров (лево) со признанието за најдобар стрелец фото: facebook.com/ihtstruga
Градимир Чаневски (десно) со признанието за најдобар голман фото: facebook.com/ihtstruga

Уште еден негов тимски колега се закити со признание, новото летно засилување Стопе Мандалиниќ е најдобар играч (МВП). Наградата за најдобар стрелец на турнирот ја доби руското лево крило на Вардар 1961, Тимур Дибиров.

Потсетување уште еднаш првото место на 48 издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга 2020 година го освои Еурофарм Пелистер.

На втората позиција се најде актуелниот европски шампион Вардар 1961, а третопласиран е ракометниот клуб Металург.

Трофејот за Еурофарм Пелистер, битолчани го урнаа европскиот шампион Вардар!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот