Трофејот за Еурофарм Пелистер, битолчани го урнаа европскиот шампион Вардар!

фото: facebook.com/ihtstruga

Во големото финале вечерва на отвореното игралиште „Горан Попоски-Бабец“ на 48 традиционален меѓународен турнир во Струга, екипата на Еурофарм Пелистер со 26:23 го совлада Вардар 1961.

До пред овој меч и двете екипи имаа по три максимални победи, а еден денеска мораше да има поразен, тоа е актуелниот европски шампион.

„Црвено-црните“ почнаа подобро со стекната предност од три гола разлика од од 6:3. Но, и покрај ваквата негатива битолчани покажуваат дека во новата сезона ќе бидат силен конкурент, едно од најголемите летни засилувања Мандалиниќ се погрижи за израмнување 8:8 кој беше актуелен на семафорот.

Еурофарм Пелистер беше во сериозен налет и со серија три погодоци во низа за прв пат имаше водство од два гола (11:9). Алушовски повика тајм-аут да ја смири екипата. Тоа вроди со резултат, кога најпрво со првиот гол на Вујин, а потоа и со четвртиот погодок на Јотиќ дојде до нов егал во мечот, 11:11. До крајот на првиот дел се играше гол за гол, па на одмор се замина со нерешени 13:13.

фото: facebook.com/ihtstruga

И во стартните пет минути од вториот дел резултатот го контролираа играчите на Бабиќ, 14:16. Единствено Јотиќ во тие моменти беше најрасположен од бековите, Вујин не доаѓаше така лесно до погодок, а и Гаџа немаше решение за Чаневски од добра позиција. Владее криза во Вардар, Дибиров ја погодува стативата од голот, за долго време скопската екипа да не го пронајде патот до противничкиот гол.

Битолчани го искористија овој момент и дојдоа до највисоки 18:15. Кизиќ застана на голот, веднаш одбрани топка на Радовиќ и седмерец, стратегот на Вардар одлучи да го повлече Јотиќ, но Гаџа направи премногу грешки, а и Талески и Вујин не се изнаиграа. Се редеа загубените топки и промашените удари кај Вардар, а Танкоски му донесе највисоко водство на својот тим од 23:18. Чупиќ со два гола во серија намали на три гола, но Радовиќ на четири минути пред крајот погоди за 26:22 за крај на сите дилеми околу победникот.

Ова беше добра подготовка пред новата сезона, потсетување Вардарци играат во групите од Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер во групната фаза од новоформираната Лига Европа.

Третото место за Металург на турнирот во Струга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот