Србин ќе го води автомобилскиот гигант „БМВ“
Надзорниот одбор на „БМВ“ денес го назначи Милан Недељковиќ за нов извршен директор на германскиот автомобилски концерн, одлука која ќе стапи во сила од 14 мај 2026 година, пренесе „НИН“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Недељковиќ работи за „БМВ груп“ од 1993 година, соопшти компанијата. Сегашниот извршен директор, Оливер Ципсе, ќе поднесе оставка, по меѓусебен договор со надзорниот одбор, на крајот на 13 мај 2026 година – денот планиран за годишното собрание на акционерите во 2026 година.
Претседателот на Надзорниот одбор на „БМВ“, Николас Петер, рече дека Недељковиќ носи јасна стратешка визија, силна способност за спроведување планови и силен претприемачки начин на размислување.
Милан Недељковиќ (роден во Крушевац, Србија) е член на Управниот одбор на групацијата, каде што е одговорен за производството, од 2019 година. 56-годишниот менаџер ја започнал кариерата во „БМВ“ како практикант во 1993 година и стекнал богато меѓународно искуство во текот на годините.
Тој имал голем број високи позиции, вклучувајќи: директор на фабриката во Оксфорд, директор на фабриката во Лајпциг и Минхен и раководител на одделот за корпоративен квалитет. Неговиот договор како претседател на Управниот одбор е со важност до 2031 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
50мин
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


