Србија го отпушти селекторот кој и донесе европска титула

Слободан Ковач во 2019 година стана европски шампион со Србија/ фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

Одбојкарската федерација на Србија (ОФС) денеска денесе одлука да не ја продолжи соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Слободан Ковач.

Претседателството на ОФС одлучи по неуспехот на ЕП кое се одржа оваа година и на кое Србија остана без медал, да не го продолжи договорот со Ковач кој пак во 2019 година стана европски шампион.

Ковач на клупата на Србија го наследи Никола Грбиќ и тоа во август 2019 година, само десет дена пред стартот на ЕП, но успеа да ги однесе одбојкарите до златниот медал.

„ОФС му изразува благодарност на Ковач за досегашната работа и резултатите и му посакува успех во понатамошната тренерска кариера“, соопшти ОФС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот