Советот на Европа потврди дека во Македонија нема дискриминација на Бугарите

Комитетот на министри на Советот на Европа денеска ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Северна Македонија, со која се утврдува дека нема основа за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.

По долгата расправа во која беа одбиени сите амандмани на Бугарија, Комитетот на министри во целост ја прифати аргументацијата и ставовите на македонското Министерство за надворешни работи, што се смета за голема извојувана победа на македонската дипломатија.

Бугарската дипломатија во изминатиот период со агресивен пристап се обиде да обезбеди амандманско адаптирање на резолуцијата, што, пак, би претставувало основа за натамошни дипломатски активности кај европските земји.

Денеска усвоената резолуција е подготвена од тим на експерти на Советот на Европа кој во изминатиот период престојуваше во Северна Македонија да ги евалуира тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата.

Во резолуцијата на земјава и се препорачува да преземе дополнителни чекори кон унапредување на едно итегрирано општество базирано на почитување и доверба меѓу различните заедници, засилување на напорите за спречување случаи на кршење на човековите права од страна на полицијата против Ромите и подобрување на пристапот за ромските деца до квалитетно образование. Особено се нагласува потребата од подобар пристап на жените Ромки до здравствени услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот