СОСЕДИ ОД ПЕКОЛОТ: Комшиите тврдат дека животот им се претворил во вистински хаос откако Меган и Хари се доселиле до нив

профимедиа

Откако се одлучија да ја напуштат Велика Британија и својата среќа да ја побараат во Америка, Меган Маркл и принцот Хари, не престануваат да ја интригираат јавноста.

Тому поради тоа, младиот пар речиси секојдневно е на мета на разни медиуми и фотографи кои сакаат да имаат увид во нивниот приватен живот. Меѓутоа, се чини дека токму тоа ги направило соседи од пеколот во квартот во Лос Анџелес каде што во моментот живеат.

профимедиа

Имено, како што открива изворот, соседите на кралскиот пар воопшто не се воодушевени од фактот дека покрај нив постојано летаат дронови, во зеленилото се кријат фоторепортери и сл, па токму затоа ги нарекоа „соседи од пеколот“.

Меган и Хари во Лос Анџелес / Фото: Дејли мејл

– Луѓето плаќаат милиони за да живеат таму бидејќи населбата е мирна и им овозможува приватност. Меѓутоа, со доаѓањето на Меган Маркл и принцот Хари, животот на околните соседи се претворил во вистински хаос, раскажа изворот.

профимедиа

Исто така тој посочил дека соседите не се воодушевени ниту од нивното однесување.

– Стојат настрана и не се воопшто пристојни и пристапни. Кога ги шетаат кучињата во населбата, не се ни поздравуваат, а при посетата на локалните супермаркети бараат истите да бидат затворени за останатите купувачи со цел да пазарат на мир, објасни изворот нагласувајќи дека целата населба би била далеку посреќна и помирна доколку Хари и Меган никогаш не се доселиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот