Сопругот на кралицата Елизабета го слави 99-от роденден: Тој е мојата сила и водилка! (ФОТО)

Принцот Филип, кој ја носи титулата војвода од Единбург, роденденот оваа година го прославува само со својата сопруга, кралицата Елизабета II, поради пандемијата на коронавирусот.

инстаграм

Принцот Филип е најстариот сопруг на еден монарх во британската историја. Кралицата која има 94 години го опишува како своја „сила и водилка“.

инстаграм

Филип е познат по силното чувство за должноста, популарноста, но и склоноста кон гафовите. Откако во мај 2017 година објави дека се повлекува од повеќе свои јавни должности, тој присуствуваше само на неколку случувања во друштво на кралицата Елизабета.

инстаграм

Кралицата и Филип имаат четири деца, осум внуци и осум правнуци.

инстаграм

Филип е роден како принц на Грција и Данска на 10 јуни 1921 година, на островот Крф, како син единец на грчкиот принц Ендру и германската принцеза Алиса од Батенберг. Но неговото семејство, кое исто така имало скандинавски и руски претци, било принудено да побегне веќе наредната година, откако била уништена монархијата и неговиот татко едвај избегнал ликвидација.

Филип бил испратен во училиште во Германија и Шкотска, а за време на празниците за него се грижеле разни роднини.

инстаграм
инстаграм

Ова е последната фотографија од кралицата Елизабета и принцот Филип, направена пред само неколку дена пред нивниот дом, Виндзор палатата, каде сопружниците се во изолација поради пандемијата на коронавирусот.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот