Амал и Џорџ Клуни/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Сопругата на Џорџ Клуни нема да ги толерира лошите навики на актерот: „Тој си игра руски рулет со бракот“

Холивудските ѕвезди често присуствуваат на забави кои можат да ескалираат со прекумерно консумирање алкохол, а таквите навики понекогаш можат да донесат проблеми дури и во навидум совршени бракови. Џорџ Клуни неодамна подлегна на старите пороци, веднаш откако не успеа да ја освои очекуваната награда Тони за неговата дебитантска претстава на Бродвеј.

Наместо да се соочи со разочарувањето трезен, Клуни решил да се опие речиси до точка на губење на свеста, што не останало незабележано од неговата сопруга Амал, пренесува „Јаху ентертејмент“.

„Целиот нареден ден бев болен – беше хистерично. Бев како пијаница од средно училиште. Како пијаница“, откри Клуни во интервју за „Ескваер“.

Очигледно, Амал била загрижена за ова и му дала до знаење дека нема да толерира такво однесување.

За неа е особено важно што Џорџ сериозно го сфатил нејзиниот совет и го намалил консумирањето алкохол, особено откако еднаш завршил прикован за кревет поради панкреатитис.

И покрај ова, Џорџ повторно покажал тенденција да претерува, што длабоко ја разочарало Амал… Таа не сака да се врати во старите времиња кога неговите забави траеја до зори, честопати придружени со вишок алкохол, а нејзината загриженост е дополнително зголемена бидејќи знае дека тој не е во состојба да испие само една чаша без да претерува.

„Мамурлакот беше брутален, а Амал мразеше што секогаш претеруваше и никогаш не можеше да испие само еден или два пијалоци“, откри изворот, додавајќи дека Џорџ долго време не пиел алкохол, но исто така дека тој често се шегува за својот алкохолизам: „Можеби се шегува за тоа, но ако планира да се врати на тој начин на живот, игра руски рулет со својот брак .“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот