Изложбата е поставена во Македонскиот КИЦ во Белград

Со изложбата „Патувањето на парите“ во Белград се презентира богатото македонско културно наследство од Отоманскиот период

Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова, свечено ќе биде отворена на 31 март (вторник), во 17 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Белград.

Свеченото отворање ќе го збогатат пригодни обраќања на директорите на КИЦ Белград Васко Шутаров, директорот на турскиот институт „Јунуз Емре“ во Белград, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и на авторката на изложбата Даниела Николова.

Изложбата ги претставува економските, политичките и општествените текови на Балканот во периодот од 14 до 17 век. Преку монети ковани во скопската и кратовската монетарница, посетителите добиваат можност да се запознаат со богатото културно наследство од Отоманскиот период.

Поставката е дел од поширок проект кој вклучува и промоција на двојазичната монографија „Патувањето на парите“, која нуди научен и визуелен осврт на колекцијата.

Настанот се реализира во соработка на КИЦ Белград со турската државна непрофитна организација „Институт „Јунуз Емре“ во Белград и Скопје, со поддршка од „Халкбанка“, и претставува значаен придонес во унапредувањето на регионалната културна соработка и зајакнувањето на меѓукултурниот дијалог.

Изложбата претходно беше реализирана во Скопје, каде предизвика голем интерес кај јавноста и стручната публика. Изложбата во КИЦ Белград ќе биде отворена за посетители во периодот од 31 март до 8 април 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот