Концерт на класична гитара со младиот Коста Давчевски ќе се одржи во македонскиот КИЦ во Белград
Македонскиот КИЦ во Белград и Министерството за култура и туризам почнуваат со проект за поддршка на млади музички таленти кои учат, студираат или живеат во Р Србија. Еден од најталентираните, несомнено е младиот гитарист Коста Давчевски, кој во моментов е најнаградуван млад гитарист во Р Србија, а српската музичка критика веќе го нарекува млад виртуоз …

