Смела и елегантна трудница: Бремената Ријана ја краси насловната на магазинот „Vogue“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Музичката ѕвезда Ријана позираше за насловната страна од американскиот магазин „Vogue“. Во преден план беше нејзиниот трудничкиот стомак, а на дел од фотографиите таа од облека нема речиси ништо на себе.

Ријана е новата ѕвезда на американското издание на „Vogue“ магазинот. Насловната страна која фановите ја нарекоа иконична, ја прикажува пејачката во црвена, речиси проѕирна комбинација со потпетици во иста боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


На фотографиите во внатрешноста на магазинот, Ријана позира во различни изданија. На секоја фотографија нејзиниот труднички стомак е во преден план.

Меѓу останатото, пејачката во интервјуто за мајското издание на култниот магазин зборува за бременоста…

„Моето тело во моментов прави неверојатни работи и нема поради тоа да се срамам. Ова време би требало да биде за прослава. Инаку, зошто би ја криела својата бременост?, се запраша Ријана во интервјуто, одговарајќи на лошите коментарите од социјалните мрежи, кои навистина беа во голем број.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


Таа зборуваше и за Асап Роки, раперот со кој очекува бебе.

„Кај нас не постои таа непријатност – моја кариера, твоја кариера. Тоа сме само ние двајца кои заедно живееме. Чувствувам дека можам да работам било што во животот со него покрај себе“, изјави пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот