Славниот режисер и понатака ќе соработува со Вил Смит: Тој е многу стабилен човек

Славниот режисер Мајкл Беј за Entertainment Weekly се осврна на нападот за време на доделувањето на Оскари и изјави дека апсолутно повторно би соработувал со Вил Смит, со кој веќе работеше на два акциски филмови – „Bad Boys“ и „Bad Boys II“.

„Апсолутно 100 проценти. Тој е многу стабилен човек. Многу стабилен“, изјави Беј, кој во овој момент го рекламира новиот филм „Ambulance“.

Треба да зборуваме за Украина, а за ова не ми е гајле!

Кога новинарот го запраша што мисли за нападот, режисерот веднаш одговори:

„Не ми е гајле. Холивуд знае да биде многу самобендисан. Во Украина во моментот се фрлаат бомби врз бебиња. За тоа треба да зборуваме. За ова не ми е гајле“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Bay (@michaelbay)


Но подоцна режисерот се отвори и изјави:

„На почетокот не бев сигурен дали тоа навистина се случи, но потоа го видов Вил како вреска. Така навистина се однесува. Тој е неверојатен борец, има вежбано и бокс. Но веднаш сакам да кажам дека тоа не го оправдувам. Од друга страна, некои пишуваа дека можеше да го убие Крис Рок, а тоа не е вистина, тоа не беше таков удар, беше најобична шлаканица“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот