Симптоми на тромбоза: Како да препознаете дека во вашето тело се случува нешто опасно по живот

Фото: Профимедиа

Дали некогаш сте се исекле додека се бричите? Кога тоа се случува, крвните згрутчувања ја спасуваат работата. Тие ќе го запрат крвавењето, а кога ќе ја завршат работата, се распаѓаат. Понекогаш работите тргнуваат наопаку…

Кога крвните згрутчувања нема да се распаднат, тие можат да бидат многу сериозен проблем и да доведат до опасни ситуации. Од крвните садови можат да патуваат по целото тело, а најчесто тоа се нозете, особено ако долго седите.

Исто така, може да ги добиете и во артериите, кои го пренесуваат кислородот низ телото – од срцето до клетките во телото. Резултатот може да биде навистина застрашувачки, бидејќи може да ги остави срцето, белите дробови и мозокот без кислород и да предизвика срцев или мозочен удар.

Крвно згрутчување може да се создаде и во вените што крвта ја носат до срцето, а кога тоа ќе се случи, симптомите се појавуваат постепено, но може да значат проблеми.
Ако научите да ги препознаете симптомите, ќе знаете дека е важно веднаш да се јавите на лекар и така да си го спасите животот.

Рацете и нозете

Кога крвното згрутчување се формира во вените на рацете или на нозете, длабоко под кожата, тоа се нарекува длабока венска тромбоза. Ова е опасно, бидејќи тромбот може да патува од срцето до белите дробови.

Длабока венска тромбоза може да се појави ако долго време не сте се движеле, или сте имале операција или долг авионски лет.

Веднаш побарајте помош ако ги забележите овие симптоми:

Отекување: Ова може да се случи на истото место каде што се развил тромбот или на целата нога или рака.

Промена на бојата: Може да забележите дека рацете или нозете ви се црвени или сини.

Болка: Со влошувањето на состојбата, ќе почувствувате поголема болка. Чувството може да варира од тапа болка до интензивна.

Тешко дишете: Ако тоа се случи, може да значи дека згрутчувањето се преместило од рацете или нозете на белите дробови. Може да се појави и силна кашлица или крв при кашлањето. Веднаш повикајте брза помош!

Грчеви во долниот дел на нозете: Може да се појават ако има згрутчување (тромб) во ногата.

Фото: Профимедиа

СРЦЕ

Крвното згрутчување што се формира во близина на срцето може да предизвика срцев удар, затоа внимавајте на овие симптоми:

– Силна болка во раката и во градниот кош

– Потење

– Тешкотии при дишењето

БЕЛИ ДРОБОВИ

Згрутчување на крвта (тромб) во белите дробови обично започнува од длабоката вена во раката или на ногата, а потоа оттаму се „откинува“ и патува до белите дробови. Кога тоа се случи, станува збор за состојба што се нарекува белодробна емболија, која е исклучително опасна.

Повикајте помош ако:

– Тешко дишете

– Имате силна болка во белите дробови

– Кашлате

– Се потите

– Ви се врти во главата

МОЗОКОТ

За жал, згрутчувањето може да стаса и до мозокот и да предизвика мозочен удар. Внимавајте на овие симптоми:

– Тешкотии со видот и говорот

– Напад

– Слабост

Фото: Профимедиа

СТОМАК

Крвните згрутчувања на ова место може да бидат предизвикани од болестите на црниот дроб, па дури и од таблетите за контрацепција.

Ова се симптомите:

– Гадење и повраќање

– Болка во стомакот

– Пролив

– Крв во столицата

– Подуеност

БУБРЕЗИ

За жал, згрутчувањето на крвта во бубрезите може да предизвика висок крвен притисок, па дури и откажувањето на бубрезите.

Внимавајте на овие симптоми:

– Болка околу стомакот, во нозете или на бутовите

– Крв во урината

– Температура

– Висок крвен притисок

– Отоци

– Отежнато дишење.

Видео на денот