Швјонтек ќе ја брани титулата на „Ролан Гарос“ против Мухова

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Тенисерката број еден во светот, Ига Швјонтек ќе игра за својата четврта Грен слем титула во кариерата, а трета на „Ролан Гарос“, откако со 6:2, 7:6 (7) ја совлада Бразилката Беатриз Хадад Маја денеска во второто полуфинале во женска конкуренција.

Швјонтек ќе ја брани титулата од минатата година против Каролина Мухова, која во првото полуфинале ја победи втората тенисерка во светот Арина Сабаленка.

Победата на Швјонтек, заедно со поразот на Сабаленка, значи и дека полската тенисерка ќе остане на првото место на ВТА листата без разлика на резултатот од финалниот меч.

На почетокот на мечот од ова полуфинале, тенисерките си разменија брејк, пред Швјонтек да врзе четири гема и го доби првиот сет со 6:2.

Хадад Маја пропушти една брејк топка во првиот гем од вториот сет, но првата брејк топка ја претвори во третиот гем и поведе со 2:1. Тенисерката од Полска возврати во шестиот гем и израмни на 3:3, па тој дел од играта беше решен во тај-брејк, во кој подобра беше Швјонтек со 9:7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот