Мухова од Чешка е првата финалистка на „Ролан Гарос“

фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Во женска конкуренција чешката тенисерка Каролина Мухова денеска се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Франција, откако во Париз ја совлада втората тенисерка во светот Арина Сабаленка со 7:6 (5), 6:7 (5), 7:5. Мухова, 43 тенисерка во светот, по три часа и 13 минути игра ја совлада Белорусинката.

Немаше брејк до деветтиот гем од првиот сет, кога Мухова ѝ го одзеде сервисот на противничката. Во следниот гем, Чехинката сервираше за сет, имаше еден сет-поен, но Сабаленка направи брејк.

Сетот потоа отиде во тај-брејк, кој Мухова подобро го започна и поведе со 4:2. Сабаленка возврати со серија од три последователни поени, за со иста мера да врати Мухова да го освои првиот сет.

Мухова добро го отвори вториот сет и поведе со 2:0, но Сабаленка направи брејк во следниот гем, а во седмиот гем и поведе. Мухова веднаш одговори со нов брејк, а сетот потоа беше решен во следниот гем кој го доби Сабаленка со резултат 7:5.

Победничката на овогодинешниот „Австралија опен“ водеше со 5:2 во решавачкиот сет, имаше меч топка во осмиот гем на сервис на чешката тенисерка, а потоа Мухова одговори со серија од пет последователни гема и на крајот триумфираше.

Ова е прво Грен слем финале во кариерата на Мухова, а до него стигна со само два загубени сета. Таа во финалето ја чека победничката од вториот полуфинален меч во кој се среќаваат светската тенисерка број еден, Ига Швјонтек од Полска и 14 тенисерка на ВТА листата, Бразилката Беатрис Хадад Маја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот