-1 C
Скопје

Што е „лажно позитивен“ резултат на тестот за коронавирус и кога може тој да се појави?

Многумина се прашуваат дали е можно да се појави грешка при тестирањето…

Твитер е преполн со теории за „лажно позитивни“ резултати од тестови за коронавирусот, а некои корисници на оваа платформа тврдат дека многумина се присилени да го стават својот живот на чекање и да се самоизолираат кога се целосно здрави и немаат коронавирус. Има ли вистина во ова?

Што е „лажно позитивен“ резултат на тестот за ковид-19?

Како што и самото име кажува, лажно позитивен резултат покажува дека лицето е позитивно на новиот вирус корона иако не е инфицирано со Ковид.

Ниту еден тест во светот не е 100 проценти точен, па така некои луѓе можат да добијат позитивен резултат кога немаа ковид-19 и обратно, пишува британскиот портал „Metro“. Сепак, важно е да се нагласи дека сепак тоа не е честа појава.

Прочитајте и...  Ева Мендес призна дека поради мајчинството го занемарила изгледот
Фото: Профимедиа

Според податоците на универзитетската болница Оксфорд, тестот открива приближно 70 проценти од инфекцијата на коронавирусот. Доколку добиете негативен резултат на тестот, но сепак имате симптоми на коронавирусот, тогаш најдобро е да се изолирате и за некој ден да го повторите тестирањето.

Како се јавуваат „лажно позитивни“ резултати?

Лажно позитивни резултати можат да се појават од повеќе причини.

Тестот можеби бил погрешно направен, брисот бил контаминиран, резултатот е помешан со туѓ тест или тестот погрешно ја препознал инфекцијата (на пр. идентификувал грип наместо коронавирус).

Што треба да правите доколку мислите дека имате „лажно позитивен“ ковид тест?

Лажно позитивните резултати се многу невообичаени, па би требало да претпоставите дека имате вирус ако имате позитивен тест и во согласност со тоа да се изолирате, дури иако немате симптоми и се чувствувате сосема добро, а по неколку дена пожелно е да го повторите тестирањето.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Нов музички хит: „Set Мe Free“ е повикот за слобода на Борис Цветановски

Поврзани вести

Исповед на Холи Медисон, поранешна зајачица на „Плејбој“: Му бевме бели робинки на Хју Хефнер

Слободен Печат

Ева Мендес призна дека поради мајчинството го занемарила изгледот

Слободен печат

Предности на сокот од јаболка: Поволно делува при проблеми со црниот дроб и бешиката

Слободен печат

ФОТО | Моќниот Корлеоне го стасале годините: Ал Пачино низ улиците на Беверли Хилс едвај препознатлив

Слободен печат

Заштедете време: Еве зошто кујната секогаш ви е полна со валкани садови

Слободен печат

ВИДЕО+ФОТО | Вистинската љубов е уште посилна во тешките времиња: Прекрасни фотографии од венчавката на двајца бездомници

Слободен печат

Остави Коментар