Шилегов: Приведени се лицата кои се обидоа да го демолираат зелениот кров на ГТЦ (ВИДЕО)

„Чудни сили” синоќа се обиделе да го демолираат зелениот покрив на ГТЦ, но се фатени на дело, приведени и предадени во полиција, напиша денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук профил.

Наведува и дека заедно со граѓаните ќе биде упорен во борбата Скопје да стане поубав и попристоен град.

-Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои „чудни сили” решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање. Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција. Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а „чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст- пишува Шилегов во својот фејсбук статус каде во прилог има закачено и две видеа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот