Шешељ: Прво ќе го осудат Младиќ, а потоа ќе го ликвидираат!

Лидерот на СРС, Воислав Шешељ предупредува дека хашкиот трибунал сака да се ослободи од Ратко Младиќ така што ќе ја предизвика неговата смрт, пишува порталот „Србија данас“.

– Да беше редовен суд, легален и легитимен, ако се суди според закон и правда, тогаш Ратко Младиќ сигурно ќе беше ослободен од обвинение, бидејќи нема ниту еден доказ дека тој лично учествувал во некое кривично дело, на кој било начин. Сепак, овој суд е од политичка природа. Мислам дека ќе ја објават пресудата утре, а потоа ќе бараат ден да се ослободат од Младиќ, со тоа што ќе ја предизвикаат неговата смрт, рече Шешељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот