Сензација на „Австралија опен“, елиминиран вицешампионот
Григор Димитров обезбеди место помеѓу најдобрите осум тенисери на грен слем турнирот во Мелбурн откако убедливо 3:0 во сетови го елиминираше третиот носител, Доминик Тим, ланскиот финалист.
Бугаринот успеа за два часа игра да слави со 6:4, 6:4 и 6:0 и за пласман во полуфиналето ќе игра против квалификантот Аслан Карацев кој беше подобар од Феликс Оже-Алијасим после голем пресврт (6:3, 6:1, 3:6, 3:6, 4:6).
Овој пораз на австрискиот натпреварувач можеби уште повеќе ја отвора вратата за првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ на патот кон нова титула на „Австралија опен“.
Во женска конкуренција Су-Веи Хсије со 2:0 ја елиминираше Маркета Вондрусова, додека додека третата носителка Наоми Осака (Јапонија) со 2:1 (6:4, 4:6, 5:7) беше подобра од Гарбиње Мугуруза.
И Американката Серена Вилијамс (10. носителка) продолжува успешно на турнирот, овојпат со 4:6, 6:2, 4:6 триумфираше над Арина Сабаленка и во четвртфиналната фаза ќе ги одмери силите против победничката од дуелот Швјонтек-Халеп.