СЕХА: Вардар на Ф4 турнирот во Задар, за финале против Мешков Брест

Вардар 1961 својот прв меч во ЛШ ќе го има в среда во Норвешка против Елверум/Фото: seha-liga.com

Вардар1961 е последниот полуфиналист на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата кој ќе се одржи во Задар (Хрватска) од 3-5 септември 2021 година.

Денеска на реванш натпреварот од четвртфиналето македонскиот шампион загуби во Хрватска од ППД Загреб со резултат 25:22.

Но, благодарение на победата од четири голови разлика (24:20) во Скопје, „црвено-црните“ го слават своето 10 јубилејно учество на Ф4 турнирите во ова регионално натпреварување.

На возвратната пресметка пет погодоци беа дело на Дибиров, а четири имаше Тото во составот на Вардар1961, значаен придонес даде и голманот Томовски со 12 одбрани (1 седмерец), а кај ППД Загреб по четири голови запишаа Мандиќ, Обрановиќ и Лејметер.

Во полуфиналето на 3 септември играчите на Веселин Вујовиќ ќе ги одмерат силите против Мешков Брест од Белорусија кој претходно со две победи го елиминираше Е. Пелистер во четвртфиналната фаза (31:27, 35:31).

Во втората полуфиналната пресметка истиот ден унгарскиот Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков ќе игра против Мотор Запорожје од Украина. Финалето и борбата за третото место ќе се одиграат на 5 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот