Се појавија три целосно нови симптоми на Ковид-19 кои ги изненадија и докторите: Доколку ги имате, веднаш контактирајте го вашиот доктор!

Фото: Профимедиа

Научниците од британскиот „Институт за национално здравје“ открија три нови симптоми на Ковид-19 кои досега не се појавувале кај пациентите, но од неодамна се сè почести, пренесува британскиот Телеграф.

Симптомите како зуење во ушите, вртоглавица и губиток на слухот се појавиле кај поголем број на пациенти заразени со корона вирусот и како што велат научниците, тие бараат „итен клинички преглед“.

Институтот за Национално здравје наведува дека трите главни симптоми на инфекцијата со ковид-19 се упорната кашлица, загубата на чувството за вкус и мирис и високата температура, но и претходно известија за поврзаноста со загубата на слухот и ковид 19, бидејќи многу пациенти заболени од корона, со подолга и потешка клиничка слика, имале и загуба на слухот неколку месеци по заразата со вирусот.

Експертите од Унверзитетот „Англиа Рускин“ (ARU), заедно со британските и американските здруженија кои се занимаваат со тинитус, претходно откриле дека 40 проценти од луѓето кои покажуваат симптоми на ковид исто така имаат и влошување на тинитусот, зуење во ушите.

Експертите од Унверзитетот во Манчестер исто така тврдат дека постои силна поврзаност меѓу корона вирусот, загубата на слухот и губитокот на рамнотежата.

Во статијата на Меѓународниот магазин за аудиологија, професорот Кевин Мунро, кој ја водел студијата на Универзитетот во Манчестер, изјавил: „Мораме итно да спроведеме клиничка и дијагностичка студија со цел подобро да ги разбереме долгорочните ефекти на ковид 19 врз системот за слух“.

Што е Тинитус?

Често се опишува како „ѕвонење/зуење во ушите“, но точниот звук кој се слуша може да се разликува од човек до човек. Најчестите звуци кои пациентите ги слушаат се звук на ѕвонче, зуење, свиркање, шиштење или клокотење.

Овие звуци може да се јават ненадејно и да исчезнат или можат да бидат континуирани. Самата состојба може да се развива постепено или ненадејно. Во повеќето случаи пациентите го забележуваат тоа само во апсолутна тишина или навечер кога се обидуваат да заспијат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот