Се подготвува филм за животот и кариерата на легендарната Шер

шер
Фото: EPA/PAUL BUCK

Популарната пејачка Шер денес го слави 75-от роденден, а по тој повод откри дека започнала работата на филмот кој ќе говори за нејзиниот живот и кариера, а чија продукција ја потпишуваат продуцентите на филмот „Mamma Mia!“, пишува американскиот дневен магазин „Variety“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cher (@cher)


Џуди Крајмер и Гери Гетмен, продуцентите на филмовите „Mamma Mia!“ и „My Dear Friend“, заедно со Ерик Рот, авторот на сценариот за филмовите „Forrest Gump“ и „A Star is Born“, ќе го снимат филмот кој говори за легендарната американска пејачка Шерилин Саркисјан, попозната како Шер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cher (@cher)


Таа важи за една од најголемите ѕвезди во историјта на фимската и музичката индустрија.

За време на својата кариера, која трае цели 60 години, таа е добитник на разни престижни награди, како што се Тони, Еми, Греми и Оскар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот