Фото: pexels-nastyasensei

Руската служба за безбедност спречи терористички напад врз училиште – осомничениот тврди дека добил задача да запали новогодишна елка со молотови коктели

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречила терористички напад насочен кон училиште во Адигеја, во рускиот Северен Кавказ, соопшти ТАСС.

„Федералната служба за безбедност спречи терористички заговор против ученици во едно училиште во Република Адигеја. Приведен е државјанин на една земја од Централна Азија, кој поддржува меѓународна терористичка организација забранета во Русија,“ соопшти ФСБ.

Од неговиот автомобил, додава ФСБ, паркиран во близина на училишната зграда, биле запленети десет домашно изработени молотови коктели, два тактички ножа и знаме на терористичка организација, додава ФСБ.

Лавров вели дека Украинците со 91 дрон ја нападнале резиденцијата на Путин: Лага е, тврди Зеленски

Според ФСБ, активностите на осомничениот биле координирани од странство преку апликацијата „Телеграм“, што било утврдено при преглед на неговиот телефон.

Во видео објавено од ФСБ, државјанинот од Централна Азија изјавил дека добил задача да запали новогодишна елка во едно училиште.

„Дојдов во Мајкоп. Со мене контактираа преку ‘Телеграм’ со барање да запалам новогодишна елка во училиште. Ми рекоа да направам молотови коктели за тоа, а потоа да го напуштам градот,“ раскажува тој.

Руската служба за безбедност: Ликвидиравме терорист од Виница, сакаше да нападне нафтен цефковод на „Транснефт“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот