ФСБ / Фото: Твитер принтскрин

Руската служба за безбедност: Ликвидиравме терорист од Виница, сакаше да нападне нафтен цефковод на „Транснефт“

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека неуспешниот обид за саботажа го спремал човек „поврзан со забранета терористичка организација која дејствувала по инструкции на украинските разузнавачки служби“.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека успешно спречила непосреден терористички напад насочен кон контролната просторија на нафтен цевковод, објави ТАСС.

Неуспешниот обид за саботажа, според ФСБ, „го подготвувало лице поврзано со забранета терористичка организација која дејствувала по инструкции на украинските разузнавачки служби“.

Според Центарот за односи со јавноста на ФСБ, осомничениот, руски државјанин, по потекло од украинскиот град Виница, пружил отпор при апсењето и бил ликвидиран за време на акцијата.

„ФСБ во Тјумењската област ја спречи незаконската активност на член на украинска терористичка организација, кој подготвувал терористички напад врз објект од критична инфраструктура во регионот, конкретно врз контролната просторија на главниот нафтовод на ‘Транснефт’,“, соопшти Центарот.

Истрагата утврдила дека осомничениот добил инструкции да состави импровизирана бомба, при што ги набавил потребните компоненти и ги складирал на тајна локација. На 24 декември тој се обидел да ја преземе опремата за финално склопување. Кога бил соочен со припадниците на безбедносните служби, пружил вооружен отпор и бил неутрализиран со возвратен оган.

ВИДЕО | Полска подигна борбени авиони по утринските руски бомбардирања

ФСБ наведува дека „осомничениот бил во контакт со свој раководител од украинска терористичка организација преку апликацијата ‘Вотсап’“.

„По негови инструкции, освен подготовките за саботажа, тој собирал информации за состојбата околу нафтените и гасните објекти во различни руски региони,“ се вели во соопштението.

Центарот за односи со јавноста на ФСБ повтори дека украинските разузнавачки служби активно дејствуваат онлајн, со цел да регрутираат руски државјани за незаконски активности.

ВИДЕО+ФОТО | Руски генерал е убиен во експлозија на автомобил бомба во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот