Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Лавров вели дека Украинците со 91 дрон ја нападнале резиденцијата на Путин: Лага е, тврди Зеленски

Ноќта помеѓу 28 и 29 декември, режимот во Киев изврши терористички напад со употреба на 91 беспилотни летала со долг дострел врз државната резиденција на претседателот на Руската fедерација во Новгородската област. Сите беспилотни летала беа уништени од системите за воздушна одбрана на руските вооружени сили. Нема извештаи за жртви или штети од остатоците од дронот, рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесе Интерфакс.

Лавров оцени дека „киевскиот режим преминал на политика на државен терор“ и рече дека Русија затоа ќе ја преиспита својата преговарачка позиција.

Тој истакна дека и покрај нападот со украински беспилотни летала, Русија нема намера да се повлече од преговорите за прекин на војната во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека тврдењето за напад врз резиденцијата на Путин е лага, додавајќи дека Москва подготвува терен за напад врз владини згради во Киев.

Сè уште не е јасно дали Путин бил во резиденцијата во тој момент.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот