Руд и Алкараз ќе играат во финалето на УС опен

Карлос Алкараз, следната голема ѕвезда во тенискиот свет/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кастер Руд и Карлос Алкараз ќе играат во финалето на последниот годинешен гренд слем турнир, УС опен, а освен прва титула од четирите најголеми тениски турнири, еден од двајцата играчи од понеделник ќе стане и прв тенисер на АТП ранг листата.

За Руд ова е второ гренд слем финале, првото му беше на Ролан Гарос, додека Алкараз за прв пат ќе игра во финалето на гренд слем турнир.

Руд во четири сета со 7:6,6:2,5:7,6:2 беше подобар од Карен Качанов, додека Алкараз во нов маратонски меч кој траеше четири часа и 22 минути го совлада Американецот Френсис Тиафо со 3:2 во сетови и тоа со 6:7,6:3,6:1,6:7,6:3.

На Алкараз не му пречеше и тоа што во четвртфиналето имаше исцрпувачки меч од пет часа и 15 минути против Јаник Синер.

Тиафо подобро го започна мечот кој успеа да го добие првиот сет во тај-брејк по еден час игра.

Во вториот сет, Алкараз покажа дека тешкиот меч против Синер не го исцрпил и му беше доволен само еден брејк за да израмни на 1:1 во сетови. Во третиот сет, Шпанецот дури три пати го одзеде сервисот на Тиафо и славеше со убедливи 6:1.

Сепак, Тиафо кој на патот до полуфиналето успеа да го елиминира Рафаел Надал, не се предаде и успеа во слави во тај-брејкот и мечот да го однесе во решавачкиот петти сет.

Во него, Алкараз поведе со 2:0 во гемови, но Тиафо експресно возрати и израмни на 2:2. Во шестиот гем Шпанецот повторно направи брејк кој го потврди со уште еден во осмиот гем за пласман во првото гренд слем финале.
Каспер Руд за три часа и три минути со 7:6,6:2,5:7,6:2 го победи Карен Качанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот