Рецепт за пеглани црвени пиперки: Зимата не може да помине без оваа вкусна туршија
Црвените пиперки се синоним за есен во Македонија, обезбедуваат богат вкус, а нивната подготовка за зимница, како пегланите пиперки, е традиција што трае со децении.
За подготовка на оваа вкусна и здрава туршија, во која ќе уживате до март, не ви се потребни многу состојки ниту ќесички со конзерванси.
Овој хранлив зеленчук е богат со витамини и минерали, а многубројни студии ги потврдија здравствените придобивки од јадењето црвени пиперки. Тие придонесуваат за превенција од кардиоваскуларни болести, подобрување на видот, здравје на коските, зајакнување на имунитетот и заштита од разни болести.
Ако сакате печени пиперки, задолжително пробајте го овој рецепт.
Состојки:
– 5 кг црвени пиперки
– 2 главици лук
– 500 мл масло
– 200 грама сол
– 100 грама шеќер
– 1 лажичка бибер во зрна
– 1 китка магдонос
Подготовка:
Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исечете ги на дебели ленти. На дното од садот наредете ги лентите од пиперки, посипете ги со сол и шеќер, па прелијте ги со малку масло и оцет. Редете ги пиперките, па повторно состојките, повторувајќи ја постапката додека не ги потрошите сите состојки.
Оставете ги пиперките да отстојат преку ноќ, а потоа редете ги во стерилизирани тегли. Помеѓу редовите додајте ситно сечкан лук, бибер и магдонос. Прелијте ја течноста во која пиперките стоеле и притиснете ги со пластична решетка.
Чувајте ги теглите на ладно и темно место и уживајте во богатиот вкус во текот на целата зима. К. А.