Разбиена е огромна кокаин-мрежа во Европа: дилерите заработиле милиони, каква им била шемата?
Криминална мрежа, која шверцувала кокаин од Јужна Америка кон Европа, е разбиена по координирана истрага на властите во Исланд, Литванија и во Шпанија, со поддршка од Европол и од Евроџаст. Се верува дека групата остварила околу 4 милиони евра криминална заработка преку масовна трговија со дрога, соопшти Европол.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Истрагата кулминирала со координирана акција на 4 февруари 2026 година, при што биле уапсени вкупно 24 осомничени: единаесетмина во Исланд, шестмина во Литванија, четворица во Шпанија, двајца во Белгија и еден во Данска.
Истражителите идентификувале организирана криминална група која го координирала транспортот на кокаин од Јужна Америка до Исланд преку Шпанија и други дестинации.
Иако кокаинот најчесто се шверцува во пакети од по еден килограм скриени меѓу легална стока во транспортни контејнери, организираните криминални мрежи постојано ги менуваат методите за да го избегнат откривањето од страна на органите на редот. Алтернативни техники на сокривање, вклучително и методи наменети за заобиколување на скенери и кучиња-трагачи, сè почесто се користат, што е истакнато и во неодамнешен извештај на Европол.
Кокаин во кутија под седиште, марихуана во презерватив, разговори – дел од доказите против Штекли
Во оваа истрага, мрежата главно се потпирала на „курири“ за дрога – најчесто луѓе во ранлива положба кои лесно биле убедувани да пренесуваат дрога. Куририте наводно го криеле кокаинот во багажот или го шверцувале внатрешно, со голтање пакувања со дрога. Во некои случаи, дрогата била транспортирана и во течна форма.
По пристигнувањето во Исланд, дрогата била дистрибуирана локално од криминалната мрежа. Незаконските приходи од трговијата со дрога наводно биле перени преку инвестиции во недвижности и во други имоти во Литванија.
За да се спротивстават на меѓународните активности на групата, литванските и исландските власти соработувале во рамки на Европол, со поддршка од експерти. Подоцна, во Евроџаст била формирана заедничка истражна екипа.ж
За време на неколку координациски состаноци во Евроџаст и во Европол во Хаг, властите го потврдиле присуството на криминалната мрежа во повеќе земји, при што биле идентификувани осомничени во Белгија, Данска, Исланд, Литванија и во Шпанија.
Европол ја поддржал истрагата преку олеснување на размена на информации и обезбедување аналитичка поддршка, со што им помогнал на националните власти да ги утврдат врските меѓу осомничените и да ја мапираат структурата на мрежата.


