Работењето на компјутер го уништува здравјето: Не страдаат само вратот и грбот, туку целиот организам!

Болките во `рбетниот столб, а особено во вратниот дел од грбот, можат да се избегнат…

Кога се повеќе време поминуваме на компјутер, особено сега, кога на многумина ни е достапно работењето од дома, полека но сигурно доаѓа до здравствени проблеми.

`Рбетниот столб е прв на удар кога станува збор за повеќечасовното, неправилно седење пред компјутерот, па така се повеќе луѓе се жалат на болки во `рбетниот столб, рамената и вратот.

Најголем проблем се децата во развој до 18 години кај кои поради неправилното седење доаѓа до хипер кифоза или сколиоза, односно тежок деформитет на `рбетниот столб. Според препораките на експертите, децата не треба уште од мали години да создаваат навика за повеќечасовно седење пред компјутерот.

Докторите предупредувааат дека, доколку поминувате повеќе од два часа во континуитет на компјутерот, поради природата на работа, може да дојде до сериозни оштетувања на зглобовите на `рбетот и вратот, поради што лицето може доживотно да мора да користи медикаменти, трпејќи неподносливи болки.

Ова може да се одрази и на целиот организам кој страда поради неправилната положба, а неретко доаѓа до оштетување на очите, односно видот.

Синдромот на суво око настанува поради напрегањето, а неретко оваа појава ја следат и главоболка и црвенило. Може да се појави и раничка или пукање на очните капилари.

Исто така, чести се и повредите на тетивите на зглобовите, а особено воспаление на тетивите на показалецот поради долготрајната употреба на компјутерското глувче. Потоа, седењето доведува до акумулирање на високи нивоа на шеќер и масти во крвта, бидејќи телото поради неактивноста престанува редовно да го регулира нивото на глукоза и маснотии.

Доколку сте „врзани за столчето“ и поминувате повеќе време на компјутетор, надоместете го остатокот од слободното време со било кој спорт или спортска активност, правете вежби за истегнување, применувајте јога, пешачете, трчајте, занимавајте се со било која активност, а за време на работното време на секој час и половина прошетајте низ канцеларијата и раздвижете сè.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот