Прво грен слем финале за Циципас, елиминиран Зверев

Циципас во четвртфиналето беше подобар од Оже-Алијасим/Фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше денеска во финалето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз откако со 3:2 го совлада Александер Зверев.

Циципас успеа да ги освои првите два сета со 6:3 и 6:3 во кои целосно го надигра неговиот противник од Германија.

Зверев не се откажуваше возврати со израмнување, односно третиот и четвртиот сет ги освои со 6:4 и 6:4.

Во последниот петти решавачки сет Циципас не дозволи целосен пресврт на Зверев, славеше со 6:3 за вкупни 3:2.

Гркот за првпат во својата кариера ќе игра во едно грен слем финале, претходно најдалеку стигна до полуфинале во 2019 и годинава на „Австралија опен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот