Прва ТикТок премиера: Римејк на познатиот филм на Дизни

Фото: Профимедиа

Режисерката Луси Мос, во петок ќе ја има премиерата на својот краток филм “Ratatouille: The TikTok Musical”, кој ќе ги тестира можностите на новата видео социјална мрежа која во текот на 2020 година завладеа во светот.

„Многу е напнато. Многу луѓе ја вложија сета своја енергија, труд и работа во овој проект. Ова е првиот филм кој својата премиера ќе ја има на ТикТок и разбирливо е поради тоа што целиот свет очекува нешто неочекувано“, изјави режисерката за британските медиуми.

„Ratatouille: The TikTok Musical” е своевиден римејк на познатиот истоимен цртан филм на Дизни од 2007 година.

Мос објасни дека е предизвик да се исполнат очекувањата на луѓето на ТикТок кои во изминатиот период го претворија „Ratatouille” мјузиклот во вирален, глобален тренд на оваа социјална мрежа.

„Предизвик е да направите од овој филм нешто што не е „Zoom“ читање на текстот, или пак да направите невиден концерт кој корисниците на оваа апликација имаа прилика да го видат за време на карантинот и глобалната пандемија“, изјави таа.

За да го оживеат филмот – продуцентите заедно со Луси ангажираа цел тим од актери, костимографи и шминкери.

Во самиот проект инвестирани се нешто повеќе од 17 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот