Пристигна трејлерот за новиот Бонд: Открива ли кој би можел да го наследи Крег? (ВИДЕО)

принтскрин

Конечно е објавен долгоочекуваниот трејлер за филмот „No Time To Die“, последниот во кој улогата на Џејмс Бонд ќе ја толкува Даниел Крег.

Во најавата го гледаме Рами Малек кој го глуми главниот негативец, но и новата агентка која ја игра актерката Лашана Линч.

Магазинот „Wierd“ ја наведува можноста дека така ни е откриено дека токму таа би можела да биде новиот Агент 007 откако Крег ќе ја напушти франшизата. Нормално, тоа во најавата не е докажано, но е откиено дека и таа е агентка.

„Светот тргна напред“, го предупредува таа Бонд додека му открива дека таа е новата агентка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот