Принцезата Шарлот наполни 6 години: Кејт и принцот Вилијам споделија неодолива фотографија!

Фото Профимедиа

Омилената принцеза во светот вчера го прослави својот шести роденден…

Британската принцеза Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон вчера го прослави шестиот роденден.

Гордите родители по тој повод објавија преслатка фотографија од својата миленичка и така на вообичаен начин на официјалниот Инстаграм профил го одбележаа нејзиниот роденден.

Шарлот позираше облечена во цветен фустан, не тргајќи ја намевката од своето лице. Преслатката фотографија ја овековечи војвотката од Кембриџ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Фановите на кралското семејство се воодушевени од фотографијата, па така започна нагодувањето на кого наликува таа. Додека некои пишуваат дека наликува на починатата принцеза Дијана, други велеа дека таа личи на нејзиниот татко, принцот Вилијам, но најголем број беа оние кои напишаа дека Шарлот всушност е вистинска копија на својата прабаба, кралицата Елизабета Втора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот