Пред училиштата и градинките во Карпош ќе се „освежуваат“ пешачките премини

Фото: ЈП „Улици и патишта“

Општина Карпош ќе започне со акција за обновување на постоечката сообраќајна хоризонтална сигнализација. Станува збор за повторно обележување на пешачките премини и сообраќајни ознаки на коловозот, лоцирани пред сите основни училишта и детски градинки кои функционираат на територија на локалната самоуправа.

На овој начин, Општината сака да го зголеми нивото на безбедност во сообраќајот особено околу воспитно – образовните институции.

Од Карпош апелираат до граѓаните кои управуваат со моторни возила, да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат пропишаните правила за учество во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот