Поранешниот дипломат Миливојевиќ: Со случајот Порфириј, Приштина потврди дека не сака смирување на тензиите, туку конфликт

Фото: Oliver BUNIC / AFP / Profimedia

Потегот на приштинските власти да му забранат на српскиот патријарх Порфириј да влезе на територијата на Косово е нецивилизиран и потврда дека не сакаат смирување на тензиите, туку конфликт, изјави поранешниот дипломат Зоран Миливојевиќ пренесува РТВ.

„На овој начин, властите во Приштина даваат до знаење дека нема да се откажат од нивната стратегија и обидот да се реализира, а тоа е да се потврди државноста на Косово, како и да се спречи влијанието на Србија на кој било начин“, рече тој.

Она што загрижува, оценува Миливојевиќ, е дека тоа нема да придонесе за смирување на ситуацијата, туку дополнително ќе се одрази врза српскиот народ на Косово.

„Исто така, загрижувачко е отсуството на сериозна реакција од западните центри на моќ, од Брисел и Вашингтон. Таквиот став отстапува од вредностите за кои тие се залагаат. Тоа директно ги доведува во прашање вредностите на Западот и Брисел и она на што тие инсистираат, а тоа е прашањето за човековите права, верските слободи, слободата на движење и сè друго“, рече Миливојевиќ.

Центрите на моќ се уште се на запад, смета тој и наведува дека загрижува тоа што се однесуваат се повеќе еднострано и што косовската страна има поддршка во спроведувањето на својата политика, која, како што рече, е радикална и доведува до конфликт.

„Влијанието на Српската православна црква врз српскиот народ е секако позитивно, а посетата на патријархот може да придонесе за смирување. На овој начин, приштинската страна јасно стави до знаење дека и тие не го сакаат тоа, , сакаат да ја радикализираат оваа работа“, рече Миливојевиќ.

Освен потврдата на државноста на Косово, вели тој, владата во Приштина сака да стави до знаење дека српскиот народ не може да смета на нормален живот, соживот и нормален опстанок.

„Сега веќе не се работи за Заедницата на српските општини, која приштинската страна ја отфрла како тема, туку се работи за се што има српски предзнак и политички и национален, а сега го гледаме и во духовна смисла, “подвлече Миливојевиќ.

Инаку вчера на српскиот патријарх Порфириј му беше забранет влез во Косово од косовските власти.

„Ќе кажам само едно – дека Пеќската патријаршија е за нашиот народ, за секој поглавар на нашата црква, она што е Ватикан за Римокатоличката црква или за Латеран, и замислете сега некој без никаква причина, со во најмала рака комично објаснување, само затоа што чувствува желба, да му забрани на Папата да влезе во Ватикан или да го напушти Латеран“, рече патријархот на СПЦ.

Цел свет ќе се кренеше на нозе да му забранеа на папата да влезе во Ватикан, вели патријархот Порфириј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот