Помешајте сол и шеќер и ставете ги под јазикот пред спиење: Лек за еден се почест проблем!

profimedia

Солта, како и шеќерот, не се препорачуваат во големи количини токму поради нивната потенцијална штетност по здравјето, но тоа не значи дека не постои и нивна позитивна страна.

Посебна улога за човековото здравје има комбинацијата од шеќер и сол, објаснува Мет Стон, американски здравствен истражувач и автор на неколку книги за нутриционизмот и метаболизмот.

Имено, на луѓето кои мачат мака со несоница оваа комбинација во соодветен однос може да им го даде тоа што во тој момент им е нужно, а така недостижно – мирен сон. Како тоа?

Шеќерот и солта делуваат како „батерии“ за клетките: глукозата обезбедува директен доток на гориво во митохондрите, а рамнотежата на натриумот во меѓуклеточната течност им овозможува правилно дишење и производство на енергија.

Овие две хранливи работи се силни прехрамбени алатки за управување со стресот – шеќерот му сигнализира на телото да го затвори производството на хормонот за стрес кој му штети на вашиот метаболизам и ве прави будни во текот на ноќта. Солта исто така е клучна во одржувањето на хомеостатската состојба во која адреналинот не лета надвор од контрола.

Шеќерот не предизвикува хиперактивност, тоа е мит.

Значи доколку сте меѓу оние кои често се будат, особено меѓу 2 и 4 часот наутро и чувстваат како адреналинот им циркулира низ телото и им го попречува сонот, комбинацијата од шеќер и сол за вас може да биде спасителна.

Како да ја направите заспивачката мешавина?

Размерот на сол и шеќер според Мет Стон треба да биде 1:5

Најдобро е да користите нерафинирана морска или хималајска сол и квалитетен кафеав шеќер. Доколку немате можете да употребите и обичен шеќер и обична сол.

Помешајте 5 лажици шеќер и 1 лажица сол и ставете ја смесата во стаклена тегличка. Тоа долго ќе ви трае.

Пред спиење или во ноќта кога ќе се пробудите, протресете ја тегличката и со лажичка или со прстите под јазикот ставете од мешавината, како што се земаат и некои лекови.

Мет Стон ова го нарекува магичен прав за спиење и како и лековите овој магичен прав ќе ве поштеди од несоницата

Пробајте задолжително!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот