По жестоката семејна кавга Алон Делон доби старател, но тоа не е неговиот син

Ален Делон/Ентони Делон / Фото: Wikimedia Commons / Принтскрин /Инстаграм

Еден од најпознатите француски актери Ален Делон со судска одлука доби старателство. Актерот е ставен под правна заштита поради загриженоста за неговото здравје и благосостојба, додека неговите деца се расправаат околу неговите медицински и животни аранжмани.

Француските медиуми во понеделникот објавија дека судијата за старателство ја донел одлуката оваа недела, пишува „Дедлајн“ (Deadline).

Според странските медиуми, старателот ќе го придружува во извршувањето на бројни задачи во секојдневниот живот, освен најважните, како што е продажбата на недвижен имот, што е функција која е оставена на одредена друга личност од доверба.

Имено, оваа одлука е донесена по бројните меѓусебни обвинувања во јавноста на децата на познатиот актер од почетокот на оваа година, по што реагираа адвокатите на Ален Делон кои побараа тој да биде ставен под судска заштита.

Веќе имаше загриженост за благосостојбата на Ален Делон откако неговите три деца поднесоа тужба минатата година против Хироми Ролин (66), неговата поранешна куќна помошничка, обвинувајќи ја за вознемирување и закани.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тие тврдеа дека Ролин ја искористила сè полошата здравствена состојба на Ален Делон со наводна цел да зграпчи дел од богатството, проценето на 245 милиони долари.

Ентони Делон, исто така, поднесе втора тужба во која ја обвини Ролин за насилство и обид да го изолира Ален Делон.

Ролинс, која беше избркана од домот на актерот во јули, им пиша на обвинителите да ги оспорат наводите против неа и исто така поднесе сопствена тужба.

Алармот го вклучи и Хироми Ролин, неговата поранешна куќна помошничка, која изјави дека животот му е во опасност и дека веќе неколку месеци не ја прима препишаната терапија. Според Ален-Фабиен Делон, терапијата што му ја препишале лекарите во Швајцарија била прекината во договор со француските лекари, но Анучка негира дека овој потег бил договорен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот