По скандалозното соопштение во кое го обвини семејството, Бруклин Бекам со сопругата Никола Пелц ужива на плажа во Малибу
Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц беа забележани насмеани и расположени на плажата во Малибу и покрај тоа што деновиве се во фокусот на светската јавност поради семејната драма, пренесува „Дејли мејл“.
Препорачано
Имено, ова е прво заедничко излегување на Бруклин (26) и Никола (31) откако во понеделникот објавија соопштение во кое Бруклин ја обвини својата мајка, Викторија Бекам, дека го нарекла „злобен“, а јавно застана на страната на сопругата, нагласувајќи дека таа е неговиот приоритет.
Иако зборовите во соопштението беа остри и полни со обвинувања, Бруклин на прошетката изгледаше опуштено и среќно, сосема спротивно од тензиите кои ги презентираше во јавноста.
Во дел од изјавата, парот тврдеше дека Викторија одбила да помогне кога Никола побарала поддршка за спасување на кучињата за време на големите пожари во Лос Анџелес на почетокот на годината.
Наводно, тоа било големо разочарување за нив, особено ако се земе предвид дека претходно тие, како што велат, „оставале сè на страна“ за да ја поддржат фамилијата Бекам, присуствувале на модни ревии, забави и бројни јавни настани.
И покрај сè, на плажата во Малибу, Бруклин и Никола покажаа дека барем во нивното семјество сè функционира совршено.
Викторија и Дејвид Бекам се „смртно исплашени“ за синот Бруклин: „Тој ќе остане на просјачки стап“
ВИДЕО | Бруклин Бекам поради ова видео го блокирал целото семејство на Инстаграм


