Бруклин, Никола, Дејвид, Викторија Бекам / Фото: Profimedia

Викторија и Дејвид Бекам се „смртно исплашени“ за синот Бруклин: „Тој ќе остане на просјачки стап“

Тешко дека драмата околу семејството Бекам наскоро ќе стивне, бидејќи речиси секој час се појавуваат нови изјави, коментари и видеа поврзани со, како што се опишува, разорниот случај што ја тресе една од најпознатите семејни династии.

Ако досега не ја следевте оваа сага, најстариот син на Викторија Бекам и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, пред неколку дена го „урна интернетот“ објавувајќи шест страници текст со тешки обвинувања на сметка на своите родители.

Во меѓувреме се огласи и диџејот од свадбата на Бруклин, кој објави видео и изнесе детали за, како што тврди, непримерното однесување на Викторија Бекам на свадбената прослава, велејќи: „Токму вака изгледаше сè“.

Бруклин Бекам и Никола Пелц / Фото: Инстаграм/Никола Пелц

И покрај сè, на Дејвид и Викторија, наводно, и понатаму им е важно што се случува со нивниот најстар син, кој е во брак со Никола Пелц Бекам, особено поради предбрачниот договор што Бруклин го потпишал со неа.

Како што пишува „Дејли мејл“, познатиот пар наводно „се плаши дека нивниот син би можел да остане без ништо“, бидејќи договорот е исклучително строг.

Според тие наводи, доколку Бруклин и Никола некогаш се разделат, тој нема да добие ништо од богатството на милијардерското семејство Пелц. Инаку, таткото на Никола, 83-годишниот бизнисмен Нелсон Пелц, се проценува дека вреди околу 1,2 милијарди фунти, додека богатството на Викторија и Дејвид Бекам се проценува на околу 335 милиони фунти. Во предбрачниот договор, наводно, стои дека Бруклин би задржал само „половина од она што двојката го заработила како бренд“.

„Стравот е дека тој е целосно апсорбиран од семејството Пелц и отуѓен од сите други. Ако некогаш дојде до раскинување, Бруклин би можел да биде целосно изолиран и со многу малку пари. Како да е заробен, така им изгледа тоа – срцепарателно. Неговата иднина е целосно во рацете на Пелцови“, изјавил извор за „Сан“.

Бруклин Бекам и Никола Пелц / Фото: Инстаграм/Никола Пелц

Од друга страна, луѓе блиски до Бруклин тврдат дека ваквите грижи се „небитни“ бидејќи парот е „посилен од кога било“.

Во експлозивната изјава што ја објави претходно оваа недела, Бруклин меѓу другото изјави дека нема желба да се помири со своето семејство и дека неговите родители уште пред свадбата се обидувале да ја уништат неговата врска со Никола. Тој тврдеше и дека доаѓа од „семејство што сака да контролира сè и на кое јавната промоција и брендот Бекам му се на прво место“.

Како што пренесува Ти-ем-зи, по објавата на Инстаграм, Бруклин ги избришал своите профили на социјалните мрежи, не ги чита реакциите на јавноста и наводно нема намера да ја прочита евентуалната изјава доколку ја објават неговите родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот