Партнерот на Ана Бекута приклучен на респиратор, лекарите се борат за животот на политичарот

Фото: Инстаграм

Српскиот политичар, почесен претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ-Мрка (79) е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.

Како што потврдиле од болницата за српски „Курир“, Мркоњиќ е на одделението за Интензивна нега, на апарати и приклучен на респиратор, а лекарите прават се за да му се стабилизира состојбата.

Мркоњиќ веќе долго време е во болница, а сега состојбата нагло му се влошила.

Да потсетиме, Мркоњиќ на почетокот на месецот завршил на кардиоваскуларната клиника во Белград, каде што му бил вграден пејсмејкер. Во август ги оперирал срцевите залистоци, и тоа со нов метод, преку препоните.

Милутин и на почетокот на годината бил во болницата „Драгиша Мишовиќ“, но тогаш тестовите покажале дека е негативен на ковид 19.

– Немав коронавирус, но ме задржаа бидејќи ми најдоа лузни на белите дробови. Но, имав воспаление на мочниот меур, а промените во белите дробови не се последица на коронавирусот – изјавил тогаш Мркоњиќ.

Бекута и Мркоњиќ се речиси девет години во врска, а српските медиуми пишуваат дека пејачката е неутешна поради здравствената состојба на нејзиниот партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот