Оваа генерација може уште еднаш да биде на ЕП! (ФОТО)

Фото: cev.eu

Шансите за првите историски победи на континентален собир нашата репрезентација ги гледаше првично против Финска и Белорусија, целта беше да го освоиме четвртото место во групата Ц, успеавме двапати да триумфираме, но пласманот во осминафиналето чекавме некој друг да ни го обезбеди.

Славевме прв триумф на еврошампионатите против Белорусија, па наредниот ден ја покоривме Словенија среде Љубљана во арената „Стожице“.

Дефинитивно жалиме што не ја добивме битката на стартот од групната фаза против Финците против кои имавме добри шанси за позитивен резултат, но на крајот бевме поразени.

Не разочараа момците, предводени од селекторот Никола Матијашевиќ кој со крајно внимание го следеше мечот помеѓу Турција и Финска. Веруваа во себе, дури и по трите почетни порази, си подарија себеси две блескави победи, до завршниот сет во 25 натпревар од групата во игра за осминафинале во Нант против Франција. Не дочекаа, но ја кренаа нацијата којашто ги бодреше од срце.

– Може да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното Европско за две години. Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш, ќе зборуваме за прво осминафинале – соопштува Одбојкарската федерација на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот