Ова попладне почастете го вашето семејство со лесна и превкусна чоколадна панакота

Фото: Инстаграм

Потребни состојки:

– 300мл млечна слатка павлака
– 200мл чоколадно млеко
– 50гр шеќер
– 150гр чоколадо за готвење
– 10гр желатин

Се ставаат слатката павлака, чоколадното млеко (може и обично млеко, но додадете дополнително шеќер), шеќерот(по вкус) и чоколадото на оган да зовријат.

На страна во меѓувреме кесичката желатин се става во 50мл вода околу 10мин. Откако убаво ќе се стопи чоколадото се трга смесата на страна и и се додава желатинот и се меша додека не се стопи.

Веднаш смесата се става во калапи. Прво да стојат на собна температура, а потоа во фрижидер 2-3 часа. Се вадат од калапите и се сервираат со јаткасти плодови, овошен џем или пак свежо овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот