ОВА Е САША: Постојат само уште ДВЕ ДЕЦА како него во светот, а поради тоа неговата мајка се ОТКАЖАЛА од него (ФОТО)

FOTO: VALERY KASATKIN

Шестмесечното бебе Александар К, или Саша како што го викаат, е едно од трите бебиња во светот родени без очни јаболчници. Момчето никогаш нема да може да прогледа, а во моментот нема ниту семејство, бидејќи неговата мајка го напуштила, а таткото не е познат.

Се верува дека момчето пати од екстремен облик на реткиот SOKS2 анофталмски синдром кој погодува едно бебе во 250 илјади случаи.

FOTO: VALERY KASATKIN

Поради недостаток на очните јаболчници Саша неодамна е пренесен во 2.500 километри оддалечениот Санкт Петербург, каде хирурзите му вградија мали вештачки очни топчиња, со кои ќе се избегне деформација на лицето додека расте. На таква операција ќе мора да се изложува на секои шест месеци со тоа што топчињата секој пат ќе бидат заменувани со поголеми.

Освен поради ретката состојба со која е роден, постои уште една причина поради која докторите Саша го сметаат за уникатно бебе. Имено, бебињата со така тешка здравствена состојба обично имаат и низа други здравствени проблеми. Тоа кај Саша не е случај. Тој има само две сосема вообичаени цисти на челото кои наскоро ќе бидат отстранети.

– Саша поминува низ редовни контроли и тестови како и секое друго бебе на негова возраст. Добро му оди – велат докторите.

FOTO: VALERY KASATKIN

Сепак, докторите потврдуваат дека тој никогаш нема да прогледа.

Неговата мајка била израсната во Дом, па уште пред да се роди, се одрекла од него, зошто сметала дека не може да му пружи се што него ќе му биде потребно.

Саша е ставен на листата за посвојување, а медицинските сестри кои се грижат за него велат дека не се сомневаат дали некој ќе го земе, затоа што тој е многу весело бебе и дека освен оваа аномалија, тој е сосема нормално бебе.

FOTO: VALERY KASATKIN

– Се насмевнува веднаш штом ќе слушне познати гласови, велат докторките.

Предност за посвојување имаат прво родителите од Русија, а доколку не постои интерес и други родители од светот, но постои ограничување кога станува збор за родители од САД.

Постојат само уште два познати случаи на бебиња родени без очи, од кои најпознат е случајот на сега веќе двегодишниот Арчи Инес од Ирска, кој со родителите живее во Сиднеј. Тој има и сериозни ментални потешкотии, благо до умерено оштетување на слухот и проблеми со дишењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот