Откако Дунавка Трифуновска се пофали, нејзиното ново момче објави заеднички фотки: Започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот (ФОТО)

Манекенката Дунавка Трифунвоска со нејзиното момче, поранешниот директор на финасова полиција Ване Цветанов

Дека познатата и контроверзна манекенка Дунавка Трифуновска навистина ужива во летото, се претпоставува по фотографијата која ја сподели вчера на социјалните медиуми. Манекенката се пофали со фотка од нејзиното ново момче – Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција.

„Сродни души, среќа“- напиша Дунавка на фотографијата со Ване каде и двајцата се во костими за капење. Во моментов, парот е на одмор во Турција.

Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов / Фото: Инстаграм @dunavkatrifunovska

Ниту Ване не остана „покусо“ и тој се пофали дека има нова девојка, па на неговиот фејсбук-профил сподели две заеднички фотографии со Дунавка.

Во втората објава, Ване сподели:

„Во принцип ретко објавувам приватни фотографии, но кога започнувам љубовна врска со жена во вистинска смисла на зборот, мојата врска ја објавувам јавно.
После мојата вчерашна објава се разбрануваа голем број на луѓе и следеа доста реакции. Повеќе од 95% беа позитивни честитки и посакување среќа.
Изразувам искрена благодарност за убавите честитки и коментари до сите кои што од срце се израдуваа и честитаа преку оваа прекрасна фотографија.
За оние 5% кои што имаат нејаснотии, им посакуваме да си ја пронајдат својата среќа.
Од срце Ви испраќаме гушки и поздрави од Турција!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот