Осака со пресврт до третата грен слем титула! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Јапонската тенисерка успеа после пресврт да слави во женското финале на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк, САД, откако со 1:6, 6:3 и 6:3 славеше против Викторија Азаренка.

Наоми Осака на тој начин дојде до нејзината трета грен слем титула во кариера, вкупно втора на „УС Опен“, а првата ја освои во 2018 година. Има уште една грен слем титула лани на „Австралија опен“.

Белорусинката Азаренка и во третото финале на „УС Опен“ не успеа да се закити со трофејот, како и во 2012 и 2013 година. Има две титули на „Австралија опен“.

Азаренка доминираше во првиот сет кој го освои со 6:1 за нешто помалку од половина час. Во ист ритам продолжи и во вториот сет во кој имаше водство од 2:0, но потоа следуваше поинаква слика на теренот.

Осака одигра многу подобро, освои шест од наредните седум гемови за израмнување на 1:1 во сетови.

Во третиот решавачки сет, 22-годишната јапонска тенисерка стекна предност од 3:1, Азаренка имаше шанса да намали, но пропушти три врзани брејк топки, па Осака зголеми на 4:1.

Следуваше уште само намалување на 4:3 колку белоруската натпреварувачка да ги одржи шансите на овој меч, но следуваа два гема во низа за Јапонката која на крајот дојде до победата за титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот