Осака: Ќе беше срамота да загубев за помалку од еден час
Наоми Осака по втор пад дојде до триумф на УС Опен, откако во финалето со пресврт ја совлада Викторија Азаренка.
Азаренка одлично го започна финалето во женска конкуреција, во првите девет гема дури осум ги реши во своја корист и по само половина час игра имаше предност од 6:1,2:0.
– Во тие моменти размислував како би било срамота да загубам во финале за помалку од еден час. Поради тоа си реков во себе дека мора да се потрудам, да не размислувам за негативни работи – изјави Осака.
Во третиот гем од вториот сет започна будењето на јапонската тенисерка која на крајот успеа да направи пресврт и да дојде до третата грен слем титула, втора во Њујорк. Осака прво израмни на 1:1 во сетови, за во третиот одучувачки сет да го реши во своја корист со 6:3.
Азаренка која по неколкугодишна пауза поради мајчинството, се врати на тенисот и игра одлично. Таа триумфираше на Мастерс Синсинати, но сега беше запрена во финалето од Наоми Осака.
– Не сум разочарана, за мене ова е болен пораз. Секогаш боли кога ќе загубите финале, но што е тука е. Бев блиску, но работите не се одвиваа како што посакувам. Дали ќе размислувам за ова? Воопшто не, ова е само едно искуство за мене. Честитки за Наоми, таа е шампионка – рече Азаренка.