Оптичка илузија или Фотошоп грешка? Многумина ги збуни еден детал од фотографијата на Ким Кардашијан

Фото: Инстаграм/kimkardashian

Ким Кардашијан објавила празнични фотографии со своите деца, синовите Сент (8) и Псалм (4) и ќерките Норт (10) и Чикаго (5). Тие позирале пред новогодишните елки. Додека женскиот дел од семејството бил облечен во светли бои, момчињата позирале во црни модни комбинации.

Фото: Инстаграм/kimkardashian

Но, многумина беа целосно збунети од една слика и забележаа чуден детал. На фотографијата каде што позираат Ким и Норт, изгледа како ријалити ѕвездата да има два палци на едната рака. Во коментарите еден следбеник напиша: „Зошто имаш два палци?“, а потоа започна дискусија на „Редит“.

“Ким и нејзиниот тим ги бришат коментарите за палецот под фотографијата. Какви кловнови”,
“Дали е ова уште еден неуспешен фотошоп?”,
“Тие сигурно намерно објавиле ваква слика за да го зголемат ангажманот на следбениците”,
“Знам дека е оптички илузија, но ми се допаѓа дека ја напаѓаат“,
„Жал ми е што го кажувам ова, но не е грешка во фотошоп. Ја фаќа десната рака со левата“, се дел од коментарите.

Кардашијан во неделата навечер приреди забава во нејзината палата во Лос Анџелес. Таа во оваа прилика ја претвори својата вила во алпско село со снег и огромни елки.

Фото: Инстаграм/kimkardashian
Фото: Инстаграм/kimkardashian
Фото: Инстаграм/kimkardashian

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот