Општина Центар: Обновена вертикалната сообраќајна сигнализација во делот на Т.Ц. Буњаковец

Фото: mia.mk

Општина Центар почна со обнова на вертикалната сообраќајна сигнализација во зоните на општинските основни училишта и детски градинки на нејзина територија.

Од општинската прес-служба информираат дека се заменети старите и оштетени сообраќајни знаци на улиците „Никола Тримпаре“ и „Апостол Гусларот“, во непосредна близина на ООУ „Ј.Х. Песталоци” и матичниот објект на градинката „13-ти Ноември”; и на улицата „9 Мај“, близу до градинката „Кочо Рацин” – објект Н.Н. Борче.

– Со поставувањето на сообраќајната сигнализација ќе се олесни движењето на граѓаните и возилата, децата безбедно ќе доаѓаат во градинките и училиштата, а значително ќе се подобри степенот на ориентација во овие зони, посочуваат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот