Обвинителството бара да му се одземе пасошот на битолчанецот уапсен за тепањето на Пендиков

Фото: БТВ/принтскрин

Oбвинителството побарало мерки на претпазливост за вториот осомничени за претепувањето на Христијан Пендиков во Охрид. Основното јавно обвинителство Охрид му предлага на Судот да изрече притвор за осомничениот битолчанец, кој денеска беше уапсен.

Во соопштението на обвинителството се потврдува она што веќе го пишува во обвинението против првиот осомничен кој беше уапсен за тепањето на Пендиков – дека причина за нападот било тоа што секретарот на клубот „Цар Борис Трети“ се изјаснувал како Бугарин.

„На 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле“, велат од ЈО-Охрид.

„Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на сега осомничениот да му ги определи следните мерки – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за употреба на лична карта за преминување на државна граница, како и обврска да се јавува повремено – на секои 7 дена на определено службено лице или кај надлежен државен орган. Осомничениот, исто како и претходно обвинетиот во оваа постапка, тврди дека има само македонско државјанство. Во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот. За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок. Со оглед на тоа, Основното јавно обвинителство Охрид ќе се обрати до надлежните органи во Република Бугарија за да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште​“, велат од Обвинителството.

Напаѓачот на Пендиков е пуштен од притвор, пишува бугарски медиум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот