Објавени потресните мемоари на славниот актер во врска со Анџелина Џоли: Таа е ангел, најголем од сите…

јутјуб

Вал Килмер (60) во својата нова книга „I’m Your Huckleberry“ пишува за врската со Анџелина Џоли (44), која ја запозна на снимањето на драмата „Александар Велики“ во 2004 година.

Тие врската ја започнаа по премиерата на споментатиот филм.

– Ме спаси, ме спаси од инферната ледена самотија… Ме спаси ангелот, најголем од сите – Анџелина… Кога луѓето ќе ме прашаат каква е таа, секогаш им велам дека е како другите жени и другите ѕвезди, но уште многу повеќе… Анџелина е уште поубава, уште потрагична, уште помагична… Поприземјена од другите… – напиша Килмер.

профимедиа

– Дали вредеше? Да. Секогаш вреди да запознаете луѓе кои бараат барем една недела труд за да почнете да ги разбирате, напиша Вал во своите мемоари.

Нивната романса не потраа долго, набрзо потоа Анџелина го запозна Бред Пит, а актерот се пожали дека барем две децении немал сериозна девојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот